Дневен хороскоп за петок, 23 октомври 2020 година

ОВЕН

Работа: Полни сте со самодоверба, вредни и амбициозни. Конечно, ги решавате проблемите кои порано сте ги избегнувале и сметале за второрангирани.

Љубов: Емотивниот однос е во криза. Ниту вие, ниту другата страна не се трудите да го поправите тоа.

Здравје: Главоболка.

БИК

Работа: Уживате во работата. Јасно сте ги формулирале целите и сега со сигурни чекори идете кон нив.

Љубов: Не сте задоволни од емотивната врска. Влегла во рутина и нема возбудувања.

Здравје: Проблеми со алергиите.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Вложувате максимални напори во работните обврски. Разочарани сте затоа што резултатите се послаби од очекувањата.

Љубов: Партнерот смета дека вашиот однос треба да премине на повисоко ниво. Се сложувате со тоа.

Здравје: Проблеми со притисокот.

РАК

Работа: Задоволни сте од соработка со странските партнери.

Љубов: Емотивно сте во процеп. Потребен ви е стабилен однос, но другата страна често прави работи кои не ви годат.

Здравје: Се чувствувате добро.

ЛАВ

Работа: Презадоволни сте од резултатите, особено што сте идејниот творец на истите.

Љубов: Емотивно сте задоволни. Го продлабочувате новото познанство и сфаќате дека имате многу заеднички работи.

Здравје: Се чувствувате мрзеливо и уморно.

ДЕВИЦА

Работа: Загрижени сте поради стагнација на работа. Размислувате што да направите за да ја поттикнете работата.

Љубов: Емотивно не сте исполнети. Партнерот ви пружа поддршка што многу ви значи.

Здравје: Осцилации во притисокот.

ВАГА

Работа: Вашата интелигенција и шарм даваат одлични резултати. На работен состанок постигнувате договор со кој сте во потполност задоволни.

Љубов: Емотивно сте незадоволни, но го одложувате разговорот за проблемите со партнерот.

Здравје: Алергија е можна.

ШКОРПИЈА

Работа: Пробувате да најдете решени за проблемите, но не успевате во тоа.

Љубов: Емотивно сте презадоволни. Жал ви е што саканата личност не сте ја сретнале додека сте биле слободни.

Здравје: Кондицијата ви е слаба.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Одличен ден за работен разговор. Оставате поволен впечаток. Вие сте позаинтересирани за нова работа повеќе од што покажувате.

Љубов: Во емотивното поле нема нови случувања, ниту ве интересира премногу.

Здравје: Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Работа: Со носталгија размислувате за старите работни партнери. Се прашувате дали е можна обнова на соработката.

Љубов: Емотивно сте задоволни. Слободното време го посветувате на партнерот.

Здравје: Проблеми со притисокот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Соработка со колегите е на задоволително ниво. Опуштени сте затоа што работата се одвива според планираното.

Љубов: Односот со партнерот заладил и тоа се манифестира низ недостаток на комуникација.

Здравје: Уморни сте.

РИБИ

Работа: Обврските ве истоштиле, но свесни сте дека многу сте направиле.

Љубов: Не сте задоволни од односот со партнерот, па сакате состанок.

Здравје: Уморни сте, ви треба одмор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.