Дневен хороскоп за петок (28. јуни 2019)

64

ОВЕН

Работа: Доаѓате до нови контакти кои се многу значајни за проширување на вашата работа. Надевајте се на позитивни околности.

Љубов: После искрен разговор со партнерот, ќе видите дека и нему му значите.

Здравје: Можни проблеми со белите дробови.

БИК

Работа: Можно е да сте претерано посветени на некои ситни обврски и проблеми, па сте ги занемариле оние поголемите.

Љубов: Очекувајте пријатна атмосфера со личност која ви значи.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Очекувајте нова прилика за работа, или за промена на работното место, за премин на место кое повеќе ви одговара.

Љубов: Очекувајте прилика подобро да ја запознаете личноста која ви се допаѓа.

Здравје: Одлично.

РАК

Работа: Работите посветено, вредни сте и важно ви е да бидете добри во својата работа. Имате големи амбиции и планови.

Љубов: Очекувајте прилика да го подобрите односот со саканата личност.

Здравје: Ви треба физичка активност.

ЛАВ

Работа: Ги преиспитувате своите планови и доаѓате до впечаток дека некаде по пат сте направиле грешка. Време е некои работи да ги смените.

Љубов: Можно е да сте имале турбулентен период на ова поле и сега ќе ви годи да сте сами.

Здравје: Водете сметка околу исхраната.

ДЕВИЦА

Работа: Можете да имате некои несогласувања со личност со која соработувате секојдневно. Потрудете се да не дојде до поголем конфликт.

Љубов: Ви се допаѓа личност која покажала квалитет кој го цените.

Здравје: Работете на зајакнување на имунитетот.

ВАГА

Работа: Доколку сте посветени на приватна работа, ве очекува подобрување, но и прилика за добра заработувачка.

Љубов: Ќе остварите добра комуникација со личноста која ви значи. Потрудете се да ги покажете своите чувства.

Здравје: Водете сметка околу градниот кош.

ШКОРПИЈА

Работа: Немојте да донесувате нагли одлуки. Не ви е поволен ден за промени и важни случувања.

Љубов: Можно е да посакувате нова врска, но малку се плашите од обврски.

Здравје: Водете сметка околу стомакот и цревата.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Уште малку ќе бидете во тежок период, па потоа доаѓа фаза на опоравување. Покажете дека може да бидете силни.

Љубов: Комуникацијата со саканата личност не е добра, двајцата сте наклонети кон инает и настапува тензија.

Здравје: Пролазна кашлица.

ЈАРЕЦ

Работа: Ќе остварите значајно подобрување на заработката која ќе ви го подигне моралот и мотивацијата. Ве очекува добар ден.

Љубов: Сакате да остварите стабилен однос со саканата личност но за таа игра се потребни двајца.

Здравје: Ќе ви годат свежи намирници.

ВОДОЛИЈА

Работа: Ве очекува поволен ден генерално, на работното поле ќе одработите се она што имате во план.

Љубов: Вљубени сте и убаво ви е кога сте крај личноста која ја сакате. Можете да очекувате поволен период за љубов.

Здравје: Посетете стоматолог.

РИБИ

Работа: Ве очекува момент на одлука, па доколку сте била во некој вид дилема, сега ќе морате да се решите.

Љубов: Ако денеска почнете нова љубовна врска, би можеле да останете во неа на долги патеки.

Здравје: Се подобро.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.