Дневен хороскоп за петок, 9-ти април 2021

ОВЕН

Надредената личност планира започнување на нов проект и ве информира кои се неговите очекувања кога сте вие во прашање. Односот со емотивниот партнер е хармоничен, а партнерот инсистира на средба. Стабилно здравје.

БИК

Пред вас е нова работна понуда. Со оглед дека звучи како добра прилика, темелно ја разгледувате. Ве очекува сериозен разговор со саканата личност околу финансиите. Проблеми со гениталиите се можни.

БЛИЗНАЦИ

Имате тајни кога се финансиите во прашање. Ве очекуваат финансиски трансакции од таен карактер. Се обидувате да направите рамнотежа на времето кое го посветувате на работа, за да не оди на штета на поминатото време со партнерот. Наклонетост кон инфекции.

РАК

Имате многу обврски, но успевате да ги одработите на време. Ја прекинувате врската без никакви можности некогаш да ја продолжите. Сигурни сте дека саканата личност ве изневерила. Проблеми со алергии и хормони.

ЛАВ

Ве очекува прилив на пари. Правите нови планови за кои верувате дека финансиски ќе се исплатат. Имате симпатија со која комуницирате, но другата страна не е сигурна што точно сакате од неа. Стабилно здравје.

ДЕВИЦА

На работа ве очекуваат тешкотии кои не успевате да ги решите. Демотиривани сте поради тоа. Пред вас е интересно познанство. Другата страна ви делува таинствено и саката подобро да ја запознаете. Притисокот е наклонет на осцилации.

ВАГА

Концетрацијата ви е слаба. Ви делува како да сте изгубиле желба, и да не знаете што ви е целта. Односот со брачниот партнер е стабилен. Загрижени сте поради финансиите. Чувствително здравје. Можни проблеми со стомакот.

ШКОРПИЈА

Бидете внимателни во текот на соработка со странски соработници. Не само што не се искрени, туку и би можеле да ве излажат. Влегувате во нова врска, а другата страна не сте ја запознале добро. Имате проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Задоволни сте од ситуацијата на работа. Имате многу обврски, но вредни сте, и поседувате знаење и се одработувате квалитетно. Врската убаво се развива, но двајцата тајно флертувате. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Одличен ден за работни договори било да се во прашање колеги или соработници од странство. Имате впечаток дека партнерот ве идеализирал и не приметува како се чувствувате. Здравјето ви е чувствително.

ВОДОЛИЈА

Концентрацијата ви е лоша. Правите планови без никаква основа кои никогаш нема да бидат реализирани. Пред вас е интересно познанство со постара или позрела личност. Проблеми со стомакот, главата и бубрезите.

РИБИ

Ве интересираат работи кои првенството придонесуваат за подобрување на финансиите. Ако сте во потрага по спонзор, воспоставувате договор за донација. Наклонети сте кон сонување и не го гледате партнерот на објективен начин. Здравјето ви е чувствително.