Дневен хороскоп за понеделник (04.05.2020)

ОВЕН

Доколку се занимавате со приватна работа, ве очекува период во кој ќе дојдете до подобрување на заработувачката. Може да сметате дека во иднина ќе успеете да најдете личност со која ќе имате искрена љубов. Пад на енергијата.

БИК

Пред вас е период во кој ќе имате можност малку да се одморите. Напорното темпо е зад вас. Ќе имате шанса со саканата личност која ви значи да остварите врска која може да трае на долги патеки. Проблеми со умор.

БЛИЗНАЦИ

Очекувајте нова работна шанса. Подготвени сте да го покажете талентот во најдобро светло. Можно е караницата меѓу вас и партнерот да се случила неочекувано и без голема причина. Водете сметка околу забите.

РАК

Верувате дека можете да ги остварите целите кои ги имате. Потребно ви е само малку повеќе време. Поволен ден за комуникација со личноста која ви значи. Ќе видите дека имате многу заеднички работи. Потребно ви е повеќе вежбање.

ЛАВ

Денеска сте наклонети кон повторување на грешките на работното поле. Избегнувајте било какви ризици. Не ви годи самотијата и сакате да ви се случи нова љубов. Подтотвени сте да бидете отворени во додворувањето. Проблеми со главоболка.

ДЕВИЦА

Ако сакате да напредувате, ќе биде потребно да почнете да вложувате многу работа и труд. Ќе бидете успешни ако го направите првиот чекор кон почнување на љубовна врска со симпатијата. Проблеми со варењето на храната.

ВАГА

Можно е да имате некое чувство на несигурност. Како околу вас да се случуваат некои интриги и сопки. Емотивно ви настапува тежок период со саканата личност. Можни се чести караници. Проблеми со очите.

ШКОРПИЈА

Ве очекува период кој би можел да ви биде комплициран. Потрудете се смирено да ги решавате проблемите. Емотивната ситуација не ви се сјајна. Се оддалечувате од партнерот. Проблеми со несоница.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува ден во кој успешно ќе ги остварите своите планови. Очекувајте брзина и ефикасност во спроведување на своите замисли. Ви се укажува можност за нова љубовна врска. Не ја пропуштајте. Силни сте и здрави.

ЈАРЕЦ

Нервозата која ве опкружува на полето работа ве наведува на мисла дека дошло време за промени. Дистанцирани сте од емотивните проблеми. Не сте подготвени сега да влегувате во нови расправи. Кичмата и грбот се чувствителни.

ВОДОЛИЈА

Надевајте се на позитивни пресврти на работното поле. Кога сте мислеле дека се е загубено – среќата ви се насмевнува. Заедно со партнерот правите планови за во иднина. Добро се чувствувате.

РИБИ

Можеби ќе имате некое мало несогласување на работното поле во следниот период. Ви се отвора можност за нова љубовна врска. Сепак, ни самите не сте сигурни дали сакате повеќе од авантура. Внимавајте на нервниот систем.