Дневен хороскоп за понеделник, 19-ти септември 2022-ра

ОВЕН
Дисциплинирани, давате сѐ од себеси за да ги завршите обврските кои невешто ги презедовте врз себе. Резултатите се неизвесни, но не ве напуштат оптимизамот и чувството дека од сѐ што сте презеле ќе излезе нешто добро. Чувајте се од повреди.

БИК
Ќе добиете информација којашто носи патоказ во кој правец треба да се движи вашиот професионален развој. На прв поглед не ви изгледа примамливо, но во иднина може да прерасне во големи можности. Не ја пропуштајте можноста, останете во игра.

БЛИЗНАЦИ
За вас ова е ден како и секој друг. Заморени сте од темпото со кое сте притиснати веќе извесно време, а вашата сакана личност, исто такам не ви е по волја. Не ги обвинувајте другите затоа што сѐ паѓа на вас, сте презеле сѐ на себе, па сега е време да истраете во тоа.

РАК
Мора да се вратите во реалноста. Иако сте тимски играч, понекогаш треба да дејствувате сами, без поддршка од луѓе за кои верувате дека се ваши пријатели. Тоа не значи дека немате на кого да се потпрете, туку дека е неопходно да се осамостоите.

ЛАВ
Вие сте невообичаено креативни и зрачите со огромна самодоверба. Толку сте полни со себеси што тоа се заканува да се претвори во заблуда за голема супериорност над другите луѓе. Зауздајте го тој наплив на гордост, пред вас се задачи кои ќе можете да ги решите само ако играте во тим.

ДЕВИЦА
Односите со саканата личност се под знак прашање. Како да допол последниот час работите да се стават на свое место. Ви претстои непријатен разговор кој може да прерасне во отворен конфликт. Ако сакате да избегнете можно раскинување, попуштете и задржете го вашето мислење за себе.

ВАГА
Ве очекува ненадеен пад на енергијата. Тензијата може да предизвика отворени конфликти со луѓе кои се ваши пријатели. Посесивното однесување на саканата личност дополнително ги комплицира сите ваши обиди да ги поправите работите и да ја спасите врската.

ШКОРПИЈА
Денот го одбележуваат непријатностите на кои ќе ве изложат службените лица, без разлика дали сте виновни или не. Бидете внимателни, што и да правите нека биде чесно. Секој обид за манипулација од ваша страна ќе биде санкциониран во форма на парична казна.

СТРЕЛЕЦ
И на љубовен и на деловен план ви претстои ден полн со ризични ситуации. Тоа бара многу енергија, која вообичаено ви недостига. Разговорите кои ќе ги водите со одредени луѓе нема да дадат големи резултати.

ЈАРЕЦ
Внимавајте на трошоците, потребно е внимателно и темелно да го распределите секој денар. Невработените треба да се обратат за помош кај своите пријатели. На крајот од денот доаѓа олеснување и силна морална поддршка од постар член на семејството.

ВОДОЛИЈА
Нема шанси да ја постигнете целта што сте си ја поставиле пред извесно време. Ситуацијата неочекувано се менува, сè укажува дека неповолните вести ќе ги одложат одамна подготвените планови. Не губете надеж, наскоро доаѓа уште подобра понуда.

РИБИ
Изненадени сте од приказната за колега на која бескрајно сте му верувале. Непотребно се нервирате, бидејќи информациите главно не се вистинити. Подобро внимавајте на исхраната и најдете начин како квалитетно да се одморите, бидејќи имунитетот ви е во сериозно опаѓање.