Дневен хороскоп за понеделник, 27 феруари 2023 година

Овен 

Ако навистина треба да донесете важни одлуки денес, најдобро би било да се консултирате со некој кој ви е близок и лојален.

ЉУБОВ Нејасни врски, метење под тепих, стари проблеми…

РАБОТА Ќе мора да се „заглавите“ со работата или да побарате туѓа помош.

ЗДРАВЈЕ Нервоза.

Бик 

Некој може да се обиде да ве ограничи во она што го сакате или во она што сте го планирале и лесно можете да залутате.

ЉУБОВ Зафатените луѓе ќе му угодат на партнерот во се, па дури и на своја штета.

РАБОТА Скромноста во вашите барања може да ви користи подоцна.

ЗДРАВЈЕ Се враќате во форма!

Близнаци 

Малку ќе се ослободите од проблемите кои ве притискаа во претходниот период и тоа ќе ви даде крилја.

ЉУБОВ Партнерот нема трпение за вас.

РАБОТА Опуштете се и бидете малку поубави со деловното опкружување.

ЗДРАВЈЕ Физички сте стабилни.

Рак 

На моменти сте напорни кон себе, а само замислете ја околината и блиските луѓе особено… Спуштете ја топката и не навлегувајте во непотребни расправии.

ЉУБОВ Ситуацијата не е сјајна, но можете да ја поправите со разговор.

РАБОТА Не сте организирани. Потрудете се и се ќе помине полесно.

ЗДРАВЈЕ Несоница.

Лав 

Ситуациите се натрупуваат веќе некое време и доколку навистина не почнете да ги решавате и средувате, работите може да тргнат наопаку.

ЉУБОВ Може да влезете во врска која навистина не ви е потребна во моментов. Посебна претпазливост за оние кои се во врска.

РАБОТА Може да очекувате стабилност на овој фронт.

ЗДРАВЈЕ Можни се стомачни проблеми.

Девица 

Без разлика што многу очекувавте и ја попречувавте сопствената реализација со преголемите амбиции, сега се согласувате на компромис.

ЉУБОВ Врската се гради на доверба, нема доверба со вас. Изгубеното не може да се врати.

РАБОТА Оставете другите да ја водат играта денес.

ЗДРАВЈЕ Хранете се поздраво и воведете некоја полесна физичка активност.

Вага 

Фокусирани сте на некои настани во кругот на семејството и за тоа одзема добар дел од вашето време и внимание.

ЉУБОВ Ќе треба да направите некои промени.

РАБОТА Намалете ги трошоците на минимум.

ЗДРАВЈЕ Стабилно.

Шкорпија

Имате шанса да ги реализирате вашите идеи, затоа немојте да бидете мрзливи и преземете акција.

ЉУБОВ Доколку нешто криете, особено внимателно денес.

РАБОТА Бидете подготвени за критика.

ЗДРАВЈЕ Замор.

Стрелец 

Некои луѓе ги сметате за инфериорни, а постои можност да бидете принудени да поминете извесно време со нив.

ЉУБОВ Ви треба некаква промена.

РАБОТА Не е најдобрата ситуација, или барем не е онаа што ја сакате.

ЗДРАВЈЕ Добро.

Јарец 

Можеби сега некои работи ви изгледаат недостижни, но со трудот што го вложувате во се што правите, целта е блиску.

ЉУБОВ Веројатно ќе продолжите да работите на нов предизвик кој ќе си го поставите.

РАБОТА Ќе научите добра лекција.

ЗДРАВЈЕ Исцрпени сте, не дозволувајте луѓето околу вас да ве исцрпат.

Водолија 

Целиот труд што сте го вложиле досега конечно ќе ви се исплати. Блиската иднина ви изгледа одлично…

ЉУБОВ Пријатните соништа што ги имате за вашето минато може да ви дадат ново значење и на тој начин да ви помогнат во сегашноста.

РАБОТА Низа добри потези и се ќе биде во ред.

ЗДРАВЈЕ Стабилно.

Риби 

Може одеднаш да се појави некој што не сте го виделе долго време. Ова треба да биде пријатно изненадување…

ЉУБОВ Успехот и среќата дефинитивно ве следат, без разлика дали преку тоа партнерство или не.

РАБОТА Озборувањето не смее да ве вознемирува.

ЗДРАВЈЕ Тироидната жлезда може да предизвика проблеми.