Дневен хороскоп за понеделник, 28 декември 2020 година

ОВЕН

Работа: Вашиот работен успех го буди интересот на медиумите. Уживате во вниманието.

Љубов: Задволни сте од врската. Сте успеале да ги надминете сите проблеми и сега односот со саканата личност се развива нормално.

Здравје: Стабилно.

БИК

Работа: Фокусирани сте на нови, но тајни планови. Не сакате јавно да ги експонирате за некој да не ја украде вашата идеја.

Љубов: Задоволни сте од врската, но несвесни дека партнерот се слуша со уште една личност.

Здравје: Несоница.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ако се занимавате со приватен бизнис, воспоставувате соработка со странски партнери.

Љубов: Друштвени сте и уживате во флерт. Емоциите не се длабоки и стабилно, па така флертувате со повеќе личности.

Здравје: Добро се чувствувате.

РАК

Работа: Финансиската ситуација е лоша и фокусирани сте на добивање позајмица или креди. За жал, доаѓа до одбивање на вашата молба.

Љубов: Брачниот партнер не е заинтересиран за вас. Се плашите дека нова личност се појавила во неговиот живот.

Здравје: Притисокот е нестабилен.

ЛАВ

Работа: Ситуацијата е лоша. Во случај на решавање на било какви правни прашања, доживувате дебакл.

Љубов: Односот со партнерот е стабилен. Другата страна е во фаза кога и е потребна вашата поддршка.

Здравје: Наклонети сте кон нерасположение.

ДЕВИЦА

Работа: Надредената личност ви претставува нов проект и ве гледа како личност кој ќе даде значаен придонес во реализацијата.

Љубов: Не сте расположени за средба со партнерот, но другата страна не замерува.

Здравје: Проблеми со притисокот.

Работа: Концентрацијата не ви е силна страна, па не се разбирате најдобро со соработниците.

Љубов: Врската е стабилна. Проблемите со партнерот сте успеале да ги надминете и сега се чувствувате сигурно.

Здравје: Грлото е чувствително.

ШКОРПИЈА

Работа: Имате впечаток дека проблемите на работа искачаат на сите страни. Уморни сте од нив.

Љубов: Одржувате тајна комуникација со симпатијата. Многу ви годи, но и натаму не разговарате отворено за врската.

Здравје: Главоболка е можна.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Уморни сте од обврските и концетрацијата ви паѓа. Правите грешки.

Љубов: Брачниот партнер цело време ги потенцира финансиите како тема. Уморни сте од исти приказни.

Здравје: Наклонети сте кон алергии, внимавајте на исхрана.

ЈАРЕЦ

Работа: Стигнува известување дека кредитот ви е одобрен. Во фирмата се враќа доброто расположение.

Љубов: Не сте заинтересирани за брачниот партнер. Кај него сега актуелна е тајната комуникација.

Здравје: Стабилно здравје.

ВОДОЛИЈА

Работа: Комуникацијата не ви е силна страна. Постои можност или да изнесувате работи кои не се точни или нејасни, или другата страна не ве разбира најдобро.

Љубов: Задоволни сте од развојот на врската.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

РИБИ

Работа: Вредни сте и амбициозни. Планирате службен пат надвор од земјата. Опуштени сте и комуникативни.

Љубов: Необврзувачки флертувате со повеќе лица и немате сериозни намерни ниту со една.

Здравје: Добро се чувствувате.