Дневен хороскоп за понеделник, 3 мај 2021 година

51

ОВЕН

Работа: Ги анализирате постапките на својата работа. Има многу позитивни, но и негативни ефекти.

Љубов: Денеска во се сте аналитични, па дури и во љубовта. Поставувате некои барања.

Здравје: Проверете ја крвната слика.

БИК

Работа: Сакате новитети во својата работа. Од сработниците очекувате се или ништо. Ги критикувате со остри реченици.

Љубов: Малку сте резервирани, ладни. Партнерот тешко наоѓа начин да ви пријде и да започне разговор.

Здравје: Работите вежби за нозете.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Доколку нешто тргне наопаку, веднаш барате решение во минатото. Што не било добро тогаш, а вие не сте исправиле.

Љубов: Секој чекор го ставате „под лупа“, а на партнерот тој став му пречи.

Здравје: За исфрлање на негативната енергија, би било добро да посетете сауна.

РАК

Работа: Ќе го употребите шармот за да дојдете до саканата информација која ви е многу важна за продолжување на проектот.

Љубов: Премногу зборувате и партнерот во еден момент навистина не разбира што сакате.

Здравје: Премногу сте напнати.

ЛАВ

Работа: Размислувате за големи пари. Плановите ви се далеку од местото каде живеете. Ве очекува работна средба со клиенти од странство.

Љубов: Слободен Лав има познанство на работа со личност од сферата на туризмот и трговија.

Здравје: Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

Работа: Упорни сте. Ќе морате да претрпите ден кој е пред вас, затоа што ве очекува напорна работа. Ако сте на одмор, размислувате за идната работа.

Љубов: Слободните Девици ги очекува емотивно изненадување. Ви ги подготвува некој кој долго време е задоволен.

Здравје: Движете се што повеќе.

ВАГА

Работа: Парите ги заработувате, по малку. Работите работи кои сакаат физичка ангажираност и движење.

Љубов: Добар ден за љубов. Не сте затворени енергетски. Почнувате врска, доколку сте сами.

Здравје: Намалете го внесот на алкохол.

ШКОРПИЈА

Работа: Неуморни сте. Денешниот ден е добар за оние кои сакаат брза заработувачка.

Љубов: Одличен период за страст. Ги покажувате своите најдлабоки емоции на личноста која ја сакате.

Здравје: Воспаленија, инфекции.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Можни состаноци со странски соработници. Пробајте да обезбедите онлајн состанок поради ситуацијата со пандемијата.

Љубов: Сакате живот и уживање. Не сте храбри да се препуштите на вистинската љубов.

Здравје: Понекогаш чувствувате пад на расположението.

ЈАРЕЦ

Работа: Соработка со Рак, Лав ќе даде бизнис кој ќе се развива во иднина.

Љубов: Некој ќе ви признае дека сте му се на свет. Ќе бидете изненадени, но и помалку исплашени од толку количина на енергија.

Здравје: Одмор крај вода, море, река, езеро.

ВОДОЛИЈА

Работа: Се повеќе сте силни и напредни во работата која ја работите. Во предност сте од другите поради тоа што побрзо и подобро ги совладувате предностите.

Љубов: Можност на тајна љубов. Бик, Рак или Близнаци ќе ви бидат најрасположена во текот на овој месец.

Здравје: Температурата на воздухот ви е непријател.

РИБИ

Работа: Ако размислувате за проблем на продажба на недвижности и сакате да го направите сега, почекајте ја средината на следниот месец.

Љубов: Осамените имаат шанси за познанство со личност која е од работната околина.

Здравје: Користете сончеви зраци за регенерација на ќелиите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.