Дневен хороскоп за понеделник (4 ноември)

ОВЕН

Работa: Верувате во себе и во својата внатрешна сила и проценливост. Ако имате договорен состанок со странски партнери, дајте му предност.

Љубов: Емотивно сакате да бидете во врска, ако сте слободни.

Здравје: Други управуваат со вашите емоции.


БИК

Работа: Нервозни сте поради некои непланирани трошоци. Но до крајот на денот ќе се средат работите.

Љубов: Денот е вистински за страсти или тајна љубов за оние кои се во врска или во брак. Но, бидете внимателни.

Здравје: Чувајте се од повреди.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Добар е денот за оние кои се занимаваат со јавни услуги. Имате сила, енергија да се изборите со сите проблеми. Успешен ден.

Љубов: Ако размислувате за некоја шанса, тогаш мора да бидете максимално концентрирани. А денеска денот не е поволен за такво нешто.

Здравје: Размислувајте позитивно.


РАК

Работа: Сконцентрирани сте максимално на ова поле. Соработниците со кои работите, ќе мора да се покажат што подобро.

Љубов: Конфузија на емотивен план. Немате доверба ниту во себе, ниту во партнерот. Морате да се менувате.

Здравје: Лош проток на енергија.


ЛАВ

Работа: Имате некој конфликт. Вољата ви е загрозена, што никако не е добро за вас. Издржете го овој неповолен ден.

Љубов: Имате потреба вашата врска да биде силна. Контролата ви е на ниво, а тоа му пречи на партнерот.

Здравје: Внимавајте на видот.


ДЕВИЦА

Работа: Имате објективност, социјални сте и некој кој ги разбира туѓите потреби. Омилени сте на работното место.

Љубов: Ги контролирате своите чувства. Тоа е добро, но попуштете малку за партнерот да не го разбере на погрешен начин.

Здравје: Болки во грбот.


ВАГА

Работа: Вие работите напорно, но совесно и со насмевка. Денеска ја отрфлате љубезноста и одлучно се занимавате со проблемите кои може да ја загрозат вашата позиција.

Љубов: Вашиот љубовен живот збогатете го со одење во кино или театар.

Здравје: Добро.


ШКОРПИЈА

Работа: Сензитивноста ја пренесувате на работното поле. Соработниците може да паднат под вашето влијание, а на некои тоа им одговара.

Љубов: Премногу сонувате и не гледате некои работи всушност како се. Спуштете се на земја.

Здравје: Болки во нозете.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Чувствителни сте, и проблемите дома ви го одвлекуваат вниманието. Потребно ви е место каде што ќе се тргнете од сите.

Љубов: Денеска ви недостасува одговорност. Едно зборувате, друго правите.

Здравје: Ви отекуваат нозете.


ЈАРЕЦ

Работа: Знаете што сакате, идете кон своите цели. Свесни сте за себе и околината, но денеска никој ништо не ви може.

Љубов: Сонувате за љубов, и денеска можете да си ја дозволите.

Здравје: Добро се чувствувате.


ВОДОЛИЈА

Работа: Креативноста и вербата се два добри услови денеска да ги остварите целите. Имате одличен ден.

Љубов: Партнерот ве критикува дека повеќе мислите на работата, отколку на врската.

Здравје: Ќе ви годи прошетка.


РИБИ

Работа: Сомнителни сте пред соработниците. Тие мислат дека сте несигурни во своите ставови.

Љубов: Денеска сте привлечни, и задоволни се поради тоа. Тоа го покажувате низ насмевка.

Здравје: Отоци во нозите, ќе ви годи шетање.