Дневен хороскоп за сабота, 24-ти септември 2022-ра

ОВЕН
Премногу им давате важност на луѓето кои ве осудуваат само поради сопствената досада. Вашата љубовна врска е само ваша, за неа не треба да се грижи околината. Ако го игнорирате она што другите го зборуваат, ќе сфатите дека ништо не недостасува во вашата љубовна врска.

БИК
Пред вас е лекција во која мора да ги надминете колебливоста и несигурноста. Ова се квалитети кои често ве спречуваат да поентирате, дури и кога сте сигурни дека сте во право. Верувајте во себеси, не се обѕирајте на тоа што мислат другите.

БЛИЗНАЦИ
Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи. Доброто расположение може накратко да биде уништено од неочекуван телефонски повик. Вестите што ќе ги слушнете ќе бидат чудни и нема да имате друг избор освен да слушате и да заборавите што е можно поскоро.

РАК
Конечно би можеле да донесете одлука, иако тоа е вашиот најголем проблем. Надминете го вашето двоумење и прифатете ја одговорноста. Избегнувајте расправии со машки лица. Во љубовта не двоумете се, вистинско време е да заземете цврст став.

ЛАВ
Не верувате во различните ветувања со кои ве обземаат. Мора да се вклучите што е можно повеќе и да си помогнете сами да најдете решение. Стагнација на сѐ е за очекување, затоа не се обидувајте да започнете нов бизнис.

ДЕВИЦА
Ги чекате промените кои се сѐ поблиску. И како што обично се случува, минутите ви изгледаат долги како години. Нетрпеливоста ве вознемирува, треба да најдете начин да се опуштите. На пример, поминете го попладнето со некој близок или пријател.

ВАГА
Некои семејни обврски не ги исполнивте навреме, па дојде моментот кога нема повеќе одложување. Наместо да се лутите на себе што си го дозволивте тоа, веднаш фатете се за работа, а анализата на ситуацијата оставете ја за друг, поповолен ден.

ШКОРПИЈА
Ве заинтригира некоја нова личност и во моментов се обидувате да се фокусирате на тоа. Не брзајте во нови љубовни авантури, особено ако сè уште не сте ги расчистиле работите со некој од минатото. Сеќавањата кои ве мачат можат да станат непремостлива пречка за нова романса.

СТРЕЛЕЦ
Расеани сте. Ве обземаат грижи што самите ги создавате и ги решавате проблемите кои допрва ќе се појават. Вашата деконцентрација и однесување на работа може да ве чини многу, па затоа е подобро да се разбудите навреме и да ја одделите реалноста од фантазијата.

ЈАРЕЦ
Поминувате добар дел од денот прашувајќи се што сте можеле да направите поинаку во далечното минато. Свртете се кон вашите блиски и слушајте што имаат да кажат. Зголемената физичка активност може да ве живне, особено долгата прошетка или трчање.

ВОДОЛИЈА
Се ближи моментот на реализација на некои проекти, како и можноста за потпишување нов договор. Сепак, бидете трпеливи и одложете ги последните потези, бидејќи, иако се се одвива според планот, сѐ уште не се исполнети сите предуслови за да се стави крај на сѐ. Избегнувајте го покусиот пат за остварување на идеите.

РИБИ
Тие ве вклучуваат во сите случувања околу вас. Чувството дека сте повикани да реагирате на сѐ е резултат на вашата претходна вклученост во туѓите проблеми. Вообичаено тоа не ви пречи, но сега сте уморни. Не се лутете, размислете за вашата одговорност во сево ова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.