Дневен хороскоп за сабота (4 април 2020)

58

ОВЕН

Работа: Поволен ден за почеток на нова работа, која би можела да биде на долги патеки. Подготвени сте за промени.

Љубов: Отворени сте за комуникација со личноста која ви значи.

Здравје: Водете сметка околу своите навики.


БИК

Работа: Ви доаѓа прилив на пари кои би можел да биде значаен во следниот период.

Љубов: Можно е со саканата личност да имате некои проблеми кои не можете да ги решите поради мешање на луѓе од страна.

Здравје: Внесувајте повеќе течности.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Пред вас е ден во кој ќе имате дилема. Дајте си себе време да размислите околу се.

Љубов: На некој начин сте изненадени од пресвртите на полето љубов. Подготвени сте да се посветите на своите чувства.

Здравје: Потребно ви е повеќе сон.


РАК

Работа: Вашата невроза не се одразува најдобро на работните одлуки кои ги носите. Немојте да бидете брзоплети.

Љубов: Ве очекува шанса со партнерот да ги разјасните проблемите кои сте ги имале во минатото.

Здравје: Проблеми со нервите.


ЛАВ

Работа: Работните обврски кои ги имате би можеле да ви бидат голема кочница во следниот период.

Љубов: Постојат многу несогласувања помеѓу вас и саканата личност и бракот ви паднал во сериозна криза.

Здравје: Пад на имунитетот.


ДЕВИЦА

Работа: Не би требало да очекувате големи промени кога е во прашање работата. Денешниот ден ви е мирен.

Љубов: Не сте задоволни од комуникацијата со саканата личност. Тешко ви е да се отворите.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини.


ВАГА

Работа: Очекувајте многу поволен ден за работа и обврски. Се би требало да решите во краток рок.

Љубов: Ве очекуваат мали несогласувања со партнерот, но ќе успеете да најдете компромис.

Здравје: Проблеми со стомакот.


ШКОРПИЈА

Работа: Ќе успеете да го остварите сето она што сте сакале на полето работа. Денеска судбината ќе биде на вашата страна.

Љубов: Комуникацијата со партнерот ви е променлива. Имате проблеми со недоверба.

Здравје: Проблеми со забите.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Ве очекува одличен ден во кој ќе остварите важни договори кои ќе траат на долги патеки.

Љубов: Емотивната врска која ја имате со саканата личност сакате да ја сочувате, без оглед на мешањето од страна.

Здравје: Внимавајте околу внесувањето на шеќери.


ЈАРЕЦ

Работа: Не ви е поволен ден кога е во прашање работата. Потрудете се да водите сметка и да избегнувате било какви ризици.

Љубов: Имате проблеми со самодовербата, па не ви е поволен период за нови познанства.

Здравје: Потребно ви е повеќе сон.


ВОДОЛИЈА

Работа: Немојте да се занимавате со туѓите проблеми. Фокусирајте се на себе и своите цели и приоритети.

Љубов: Тајната врска би можела да ви донесе бурна емотивна ситуација. Се очекува период кој ќе ви донесе нови проблеми.

Здравје: Внимавајте на вените.


РИБИ

Работа: Задоволни сте од ситуацијата која ја имате кога е во прашање работата. Може да очекувате добар период.

Љубов: Ви се допаѓа личност со која веќе некое време имате интересна комуникација.

Здравје: Мали проблеми со нервозата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.