Дневен хороскоп за сабота, 5-ти февраури 2022-ра

ОВЕН
Не ви годи доминацијата на саканата личност, а не земата предви дека таквиот однос е предизвикан со вашето повлекување. Можеби мислите дека втората страна тоа самата го изрежирала. Не се залажувајте и себеси и другите, со препуштањето на водството сте ја дале и сета одговорност којашто оди со тоа.

БИК
Што и да започнете ќе заврши со хаос. За вас најпаметно е да ги избегнете сите ситуации во коишто би го воделе главниот збор. Доколку во извршувањето на својата работа користите автомобил, не тргнувајте никаде пред да го посетите автомеханичарот.

БЛИЗНАЦИ
Целосно сте отсутни. Обземени сте со гружите коишто самите ги смисливте и решавате проблеми кои сѐ уште не настанале. Вашето однесување на работа може многу да ве чини доколку навреме не се сепнете и не ја одвоите реалноста од мечтаењето.

РАК
Ја демнете секоја можност за повторно да се наметнете на сцената на којашто дејствувате. Трудот ќе биде награден, но на несоодветен начин. Поради претераната желба нешто да истурката до крајот, резултатот на крајот ви станува неважен.

ЛАВ
Немате рационално објаснување поради што ја пропуштивте деловната понуда која сега ви избега. Во врска со тоа ве очекува разговор во кој нема да ви биде пријатно. Ќе добиете нова шанса доколку подготвено ја поднесете критиката и понудите логично објасување.

ДЕВИЦА
Вашиот однос кон обврските не е на највисокото ниво. Соработниците ве покриваат, но тоа нема да трае вечно. Променете го ставот, извршувајте ја работата поодговорно и без премногу зборување за вашата шегобијноста да не предизвика негативни последици.

ВАГА
Наједноставните активности, за коишто инаку ви е потребен малку труд, денеска ќе ги извршувате со голема тешкотија. Нема да биде лошо да расмислите за тоа сѐ да одложите за некој друг ден, бидејќи грчот кој не успевате ќе произведе грешки кои не се дозволиви.

ШКОРПИЈА
Прифатете ги новите деловни обврски коишто досега немавте можноста да ги извршите. Имате можност да соработувате со луѓето за коишто вашиот начин можеби е премногу конзервативен. Доколку бидете истрајни во своите намерите ви следи награда за вложениот турд.

СТРЕЛЕЦ
Во вас се вовлекоа стравови. Не сте сигурини дали ве сакаат затоа што како човек вредите или тоа е така затоа што имате моќ нешто да им овозможите, дури и материјално. Одговорот на оваа дилема мора да го побарате на дното од душта која го знае одговорот.

ЈАРЕЦ
На прагот се од промена со којашто завршува една фаза од вашиот живот. На очекувајте брзи решенија, бидејќи трансформацијата ќе побара. Освен тоа, пред вас е контакт со повозрасна личност која во животот ви носи добри можности и важни животни лекции.

ВОДОЛИЈА
Одморот никому повеќе не му годи отколку вам. Секемното собирање и дружењето со домашните ќе ги наполни вашите батерии за следниот период. Безгрижноста може, барем накусо, да биде прекината од вознемирувачки вести коишто ви доаѓаат од странство.

РИБИ
Постои шанса да се исполни вашата желба за промена на работното место. Водете сметка и мора да бидете свесни дека доколку тоа го сторите, потоа влегувате во целосно нов живот по што нема враќање на старото. Размислете добро дали тоа е токму она што го сакате.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.