Дневен хороскоп за вторник, 13-ти јули 2021

ОВЕН

Фокусирани сте на правање нови, трајни и амбициозни планови. Не сте објективни што се гледа во текот на реализација на плановите. Емотивно сте презадоволни од врската. Проблеми со хормоните.

БИК

Комуникацијата не ви е силна страна. Успевате да постигнете договор кој ви обезбедува работа и пари на долги патеки. Имате симпатија, но не знаете на кој начин да и пријдете. Се чувствувате добро.

БЛИЗНАЦИ

Имате добра комуникација и висок степен на разбирање со колегите. Единствено комуникацијата со надредената личност има пречки. Емоциите ви проработиле и во целост се посветувате на саканата личност. Ве очекуваат проблеми со колената.

РАК

Добивате поволни вести за судски процес. Тој е завршен, а пресудата е во ваша корист. Срамежливи сте и од таа причина не покажувате на партнерот колку ви значи. Стабилно здравје.

ЛАВ

Задоволни сте од соработката со странците. Се разбирате многу подобро што сте очекувале на почетокот на соработката. Емотивно сте исполнети. Партнерот е стабилен и може да му верувате, што ви значи. Се чувствувате добро.

ДЕВИЦА

Работата не се одвива на начин на кој сте планирале. Тоа ве демотивира, така што вложувате дополнителен напор и ги постигнувате своите цели. Одличен ден за ново познанство. Имате впечаток дека другата страна ве скенира. Можни алергиски реакции.

ВАГА

Обратете внимание на комуникацијата со работните соработници. Постои можност да не се разбирате. Во мислите ви е поранешниот партнер. Признавате на себе дека не сте биле фер кон него. Чувајте го грлото.

ШКОРПИЈА

Фокусирани сте на работните обврски, одговорни сте и постигнувате успех. Вашиот труд е приметен и признат од страна на надредените. Се чувствувате добро во врската, но ви поминуваат чувствата на партнерот. Солидно здравје.

СТРЕЛЕЦ

Уживате во работата и имате „натпреварувачки“ дух. Се чувствувате подобро кога ќе се воспостави дека сте подобри од другите. Свесни сте дека односот со партнерот трпи поради вашите обврски. Пробувате да најдете повеќе време за партнерот. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Имате силна желба да се пробиете на странскиот пазар, но не сте во можност и финансиски да ја поддржите оваа идеја. Партнерот ви е важен и потребен. Максимално се посветувате на односот. Внимавајте на дишните органи.

ВОДОЛИЈА

Имате необјективен став околку проект на кој работите. Фокусирани сте на ситници, наместо на глобален проект. Односот со партнерот не е најдобар. Не сте во целост отворени еден кон друг. Чувствителен дигестивен систем.

РИБИ

Ве очекува прилив на пари. Уживате во обврските и амбициозни сте. Потребно е јасно да ги претставите своите планови и идеји. Имате симпатија и размислувате на кој начин да му се приближите. Внимавајте на исхраната.