Дневен хороскоп за вторник 5-ти март

ОВЕН

Работа: Ситуацијата се врти кон ваша корист. Ви претстои успех во некој проект кој е на почеток, и во игра се голема сума на пари.

Љубов: Информациите кои ќе стигнат до вас ќе ви помогнат да одлучите што понатаму.

Здравје: Проблеми со синусите.

БИК

Работа: Можете да ги искористите своите предности и да ја свртите ситуацијата во ваша корист. Денеска денот ви е поволен.

Љубов: Мало заладување во односот ќе настапи меѓу вас и саканата личност, но тоа би можело да се надмине.

Здравје: Занимавајте се со спорт.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Се оди онака како што сте посакувале и задоволни сте. Поволен ден за некоја дополнителна едукација.

Љубов: Очекувајте познанство со личност која што веднаш отворено ќе ви ги покаже емоциите.

Здравје: Добро.

РАК

Работа: Имате прилика да напредувате. Можно е надредените да ви дадат поголеми одговорности.

Љубов: Размислувате за рак, но саканата личност не оди во ист правец како и вие. Можно е да смета дека сега не е време за тоа.

Здравје: Внесувајте повеќе калциум.

ЛАВ

Работа: Полека ги решавате проблемите од минатото и тоа во вас буди оптимиам и надеж дека ситуацијата ќе биде подобра.

Љубов: Ве очекува познанство со личност кон која ќе почувствувате силни емоции.

Здравје: Поволен ден за рекреација.

ДЕВИЦА

Работа: Можно е да не е се онака како што сте очекувале, и дека ќе имате некои пречки и компликации.

Љубов: Потребно е да се потрудите на саканата лчност да и ги покажете своите искрени чувства.

Здравје: Избегнувајте алкохол.

ВАГА

Работа: Ибегнувајте било каква работа со хартии денеска и било какви ризици.

Љубов: Доколку ви се допаѓа некоја личност која е зафатена, денеска ќе имате шанса за почеток на тајна врска.

Здравје: Чувствителни дишни патишта.

ШКОРПИЈА

Работа: Потрудете се да се посветите на работата. Иако постојат некои работи кои ви пречат и кои одат против вас, но важно е да не губите надеж.

Љубов: Можно е да сте дошле до клучна точка во врска и незадоволството да ескалира.

Здравје: Можни проблеми со бубрезите.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Активно сте посветени на своите обврски и важно ви е работите кои ги имате да ги доведете во ред.

Љубов: Можно е да имате паралелна врска. Пред вас е период кој носи многу промени.

Здравје: Потребно ви е повеќе сон.

ЈАРЕЦ

Работа: Доколку се занимавате со работи врзани со недвижности, може да се надевате на позитивни решенија и добра соработувачка.

Љубов: Минатото сте го оставиле зад себе и конечно сте подготвени да ви се случи нова љубов.

Здравје: Постепено се подобрува.

ВОДОЛИЈА

Работа: Можно е да добиете нова понуда и дека ќе успеете да остварите промена за која сонувате веќе некое време.

Љубов: Комуникацијата со саканата личност не е добра. Напнатост владее.

Здравје: Чувствителен уринарен тракт.

РИБИ

Работа: Ве очекува поволен период во кој ќе имате можност максимално да се посветите на својата кариера.

Љубов: Можно е да се надевате во интересен флерт со личност која е родена во земјен знак.

Здравје: Опуштете се со луѓето кои ви се драги.