Дневен хорскоп за недела (02.08.2020)

ОВЕН

Не е поволен ден за работа. Потрудете се да не правите големи грешки за подоцна да не бидете незадоволни. Доколку сте во брак, подготвени сте со саканата личност отворено да разговарате на темата деца. Проблеми со стомакот.

БИК

Избегнувајте претерување кога е во прашање вашата работа. Можно е да сте наклонети кон тоа да се „затрупувате“ со обврски. Вашето импулсивно однесување би можело да ви го загрози односот со партнерот. Наклонети сте кон караници. Проблеми со синусите.

БЛИЗНАЦИ

Финансиите ви се слаба точка и поради тоа се чувствувате некако раздрмано. Не сте задоволни од својата работна ситуација. Не сте сигурни во своите чувства моментално. Водете сметка околу штитната жлезда.

РАК

На полето работа многу малку работи зависат од вас. Можно е да не се чувствувате подотвени за големи промени. Делувате незаинтересирано иако само се плашите на саканата личност да и ги покажете чувствата. Главоболка.

ЛАВ

Можно е да имате впечаток и доста работи се против вас кога е во прашање работното поле. Можно е да сте љубоморни и да не ви е лесно да ја контролирате својата посесивност во односот со партнерот. Депресија е можна.

ДЕВИЦА

Потрудете се да бидете малку подипломатски настроени кога е во прашање вашето поле на работа. Избегнувајте караници. Сакате нова љубов иако со старата не сте расчистиле до крај. Пред вас е нестабилен период. Проблеми со циркулацијата.

ВАГА

Потрудете се денеска да не се изложувате на работни ризици за да немате големи проблеми на ова поле. Можно е да чувствувате дека е време да се стави точка на вашиот однос со личноста која ви значи. Вкочанетост ве мачи.

ШКОРПИЈА

Потрудете се да се посветите на својата работа максимално. Избегнувајте проблеми поради недостаток на внимание и концентрација. Ви се допаѓа личност која е мистериозна и не ви открива премногу за себе.Проблеми со холестеролот.

СТРЕЛЕЦ

Потрудете се со соработниците да најдете заедничко решение, да не работите се само на своја рака. Ве очекува период во кој може да имате мали љубовни проблеми во односот со партнерот. Вкочанетост ве мачи.

ЈАРЕЦ

Ве очекува прилично поволен ден кога е во прашање полето работа. Задоволни сте од своите околности. Може да очекувате дека во односот со партнерот ќе успеете да остварите разбирање. Внимавајте на крвотокот.

ВОДОЛИЈА

Склопување на договор на полето работа ви доаѓа. Ќе бидете задоволни од актуелните промени. Флертувате и подготвени сте да направите прв чекор за да дојдете до нова врска. Проблеми со нозете.

РИБИ

Продолжува добриот период во кој на работното поле ќе имате стабилност и осварување на целите. Се чувствувате добро крај партнерот со кој планирате брак и деца. Задоволни сте од вашиот однос. Добро ќе ви дојде диета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.