Дневен хороскоп за недела, 11-ти февруари 2024-та

ОВЕН
Обрнете внимание на вашите најблиски и не покажувајте ја вашата себичност претпладнето. Не е во ред работата секогаш да ви биде од примарна важност. Побарајте го компромисот во врската. Вашите состаноци на овој ден се успешни. На работа не се занимавајте со финансиски документи. Размислете за вашите идни професионални планови.

БИК
Внимавајте ако се најдете во друштво на непознати и здодевни луѓе. Можеби ќе испаднат дека се непријатели кои сакаат да ви се доближат. Денот е крајно неповолен за трговците. Напорите можат да бидат успешни ако се однапред обмислени.

БЛИЗНАЦИ
Емоциите го блокираат вашиот успех. Не го истурајте гневот на вашите најблиски. Тие не се виновни за проблемите кои ги имате уште еднаш на вашето работно место. Не е исклучена поддршката од влијателни луѓе кои се и ваши деловни партнери, доколку побарате од нив да ви бидат од корист.

РАК
Одложете ги деловните разговори, дури и ако сте под притисок да ги остварите. Замислите ќе ги реализирате со помош на стари и познати партнери. Убедете ги на деловен ручек да се согласат со вашиот случај за спроведување и да ве поддржат. Најдете време за себеси навечер и останете сами за да се одморите од состаноците.

ЛАВ
Не се надевајте на секавичен успех на работното место. Бидете внимателни и не дозволувајте проблеми во семејните односи кои тешко ќе се надминат. Денот овозможува деловни разговори и ви дава шанса да подготвите документи доколку не се поврзани со финансиското работење. Не ги потпишувајте на овој ден за да избегнете проблеми.

ДЕВИЦА
Склони сте да договорите деловен состанок, иако тоа нема да ви биде пријатно, така што повеќе нема да ви пречи. Доколку патувате, внимавајте бидејќи сте расеани и уморни, а не се исклучени и проблемите во разговорите. Размислете како да ги решите тужбите и споровите поврзани со вашиот бизнис. Променете ги вашите адвокати, ако не ја завршиле добро работата.

ВАГА
Вашето однесување од утрото е збунувачко и ги тера вашите најблиски да се дистанцираат од вас. Отидовте предалеку со прекорите и неподготвеноста да ги прифатите вашите обврски. Бидете компромисни. Пребарувањето на интернет за нова работа денеска ќе се покаже како неуспешно. Не ве советуваме да бидете искушувани од понудите коишто ви се предложемни.

ШКОРПИЈА
Вашиот шарм ги освојува оние околу вас. Промените што имате намера да ги направите треба да бидат добро осмислени, доколку се поврзани со вашиот личен живот. Ризичните потфати се осудени на неуспех. Внимателно проверете го билансот на вашата компанија. Денот е совршен за остварување на целта. Внимавајте доколку има документи со потпис кој не е ваш или е поставен веднаш до вашиот.

СТРЕЛЕЦ
Подготвени сте да ризикувате и да одржите деловен состанок поврзан со финансирање на вашиот бизнис. Бидете смирени за време на разговорите. Размислете за претстојните промени кога сте сами. Не се потпирајте на вашата среќа. Не брзајте со избрзана инвестициска одлука, затоа што вие ќе сте губитник ако ја донесете на овој ден.

ЈАРЕЦ
Можно е да ве принудат да ги разјасните вашите лични и професионални проблеми, а тоа воопшто да не ви се допаѓс. Вооружете се со храброст и признајте ги вашите слабости. Бидете внимателни и претпазливи во односите со колегите. Завршете ја долго одложуваната работа до пладне за да си го расчистите патот до успехот и да имате време за релаксација.

ВОДОЛИЈА
На работа не создавајте непотребни конфликти со колегите. И тие сакаат да работат заедно со вас. Вашата нервоза е исто така без причина. Изговорените зборови можат да ве освојат пријатели, но и непријатели. Потпрете се најмногу на себе. Ќе настапите брилијантно на претстојниот попладневен јавен настап.

РИБИ
Нестабилноста и нарушената хармонија во личните односи ви прават проблеми денеска. Тешко ви е да разговарате со вашите најблиски. Бидете одлучни. Промените се во ваша полза. Грижете се за професионалните обврски и не се обидувајте да им ги пренесете на колегите само затоа што сакате да се одморите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.