ДНК анализата го потврдила идентитетот на осомничениот за експлозијата во Нешвил

Анализата на ДНК од ткивото најдено на местото од експлозијата во петокот утрото во центарот на Нешвил потврдила дека осомничениот за организирање на бомбашкиот напад е локалниот жител Ентони Квин Ворнер, соопштија во неделата по локално време официјални преставници на истрагата на прес-конференција која ја пренесуваа водечките телевизиски мрежи.

„Врз основа на доказите коишто ги собравме досега, заклучивме дека одговорен за експлозијата е Ентони Ворнер. Тој бил присутен на местото кога се случила експлозијата и притоа загинал“, изјави доцна ноќта кон понеделникот по средноевропско време портпаролот на обвинителството на Нешвил, Доналд Конкран. Додаде дека идентитетот на осомничениот бил утврден, меѓу другото благодарејќи и на ДНК анализата.

Како што појасни портпаорлот на Федералното биро за истраги (FBI), Дејвид Ралш, примерокот на ДНК-та на осомничениот се совпаднал со материјалот од останките пронајдени на местото на експолозијата.

„Ги проучуваме сите информации, но во моментов нема сознанија дека некое друго лице било вмешано“ во експлозијата, соопшти Дак Корнески, портпаролот на одделот на FBI за сојузната држава Тенеси.

Истражителите прегледувале неколку часови видио снимки на кои бил регистрирано камперското возило низ градот и не откриле други лица поврзано со него, додаде Корнески. Претставникот на FBI истакна дека мотивите на осомничениот сѐ уште се непознати и ги замоли сите кои имаат какви било информации за лицето да помогнат во истрагата.

Неколку часа пред прес-конеренцијата, телевизиската мрежа Fox News, повикувајќи се на свои извори, објави дека полицијата е убедена оти возилото, какво што користат современи номади, му припаѓало на 63-годишниот жител на Нешвил, Ентони Квин Ворнер, кој во саботата беше идентификуван како лице кое имало исто возило како она кое се гледа на снимките на надзорните камери од петокот пред да експлодира во центарот на престолнината на кантри музиката.

Истите извори рекле дека според сегашните сознанија Ворнер бил експерт за електроника, што се поврзува со емитувањето на аудио предупредувањето со одбројување до времето на експлозијата од дигитално генериран женски глас и темпирањето на есплозивната направа. Но засега нема информации за тоа кои би биле неговите мотиви.

Телевизијата објави, исто така, дека истрагата верува дека Ворнер веројатно загинал во експлозијата. Во саботата неколку различни полициски извори за медиумите рекоа дека во близина на местото се откриени човечки останки.

На прес-конференцијата беше потврденпо и дека иследниците во сабатата извршиле претрес на домот на Ворнер и ја посетиле агенцијата за недвижнини во Нешвил каде што работел на компјутерите. Сопственикот на агенцијата, Стив Фридрих, изјавил за новинарите дека Ворнер во четири или пет години приближно еднаш месечно доаѓал во канцеларијата поради одржување на компјутерите, сѐ до декември кога на агенцијата ѝ испратил електронско писмо во коешто ги известува без дополнителни појаснувања дека повеќе нема да работи за нив.

Градоначланикот на Нешвил, Џон Купер, изјави во неделата во емисијата „ Face the Nation“ на телевизиската мрежа CBC News дека се чини оти постои поврзаност мешу подметнатата бомба и зградата на телекомуникациската компанија „AT&T“.

Штетата нанесена на центарот на оваа компанија била толку голема што работниците на „AT&T“ морале да пробијат дупки низ урнатините за да ги поврзат генераторите со клучната опремата и да ја испумпаат водата од подрумските простории. Компанијата во неделата соопшти дека во текот на ноќта е „остварен значителен напредок“ и оти сите четири ката на зградата повторно имаат струја.

Тешкото оштетување на центарот на „AT&T“ предизвика од петокто нарушување во давањето мобилни, интернет и тв услуги во централниот дел на Тенеси и во делови од четирите соседни сојузни држави.