Дно

Стигнавме ли до дното? Дали може полошо од ова? Дали нивото на сеопштата живечка во секој нејзин сегмент може да биде помизерна? Дали сево ова не натера да ја изавдиме најлошата верзија од нас? Дали искрено мислите дека може да дојде до добра промена? А, промени ќе има! Но, ама баш никој не знае какви, оти не сакаат да се случат, затоа и не ги гледаат.

Шалабајзерски си играм со перцепцијата, и како на крајот на Орвеловата „1984“ се обидувам искрено и длабоко да почувствувам љубов кон големиот Брат. Како тогаш светот ќе ми изгледа? Дали вкусот на она ѓубре од Гордон џин може да се проголта, неуспешна нивна верзија на нашата мастика која Грците, исто ко Словенците со ајварот, си ја присвоија. А, им се може оти сме евтини курвичиња. Лесно и за ситно се продаваме, како газдите на дуќаните во старата чаршија кои ги шитакаа во 70-те и 80-те за 500 марки да се отарасат од керпиџи, а најмногу да не мора да работат, оти бањат или исплакнат, нам не ни се работи, ние само сакаме да се курваме… за добра пара, но океј, ако нема добра, може и за ситна. Па, не сме сите добар материјал за „прижељкивање“.

Сакај го непријателот свој

…и не е некој проблем, но ако почнеш од тоа „ма не го мразам, само глуп е и расипан“, а јас со помисла дека сум обдарен со божанско-кептн-американски флуиди, генетско праведнички предодреден и во ист момент стануваш дамбетер од злото кое со исто ниво на аргонација и гнушање го гледаш кон неистомисленикот.

Радикалноста во нашето миље денес се огледува во се’, само не во детектирање на вистината. Таа мора да е од агол, поволен за своите. Хејтерите се главните анаЛитичари, коментатори, „експертутки“ кои кажуваат колку била лоша едната, а добра другата страна. Се сведовме на навивачи на Милан-Јувентус, Ѕвезда-Партизан или уште подоле Комити-Чкембари. И сите се во право и сите грешат. Медиумите се јасно, прецизно, хируршки, поделени со глумење вистинско новинарство – КОЕ ГО НЕМА, бидејќи ниеден, ама ниеден, ниеден, ниедничок, малкицок медиумчич, весник, радио или тв, не може да постои и опстои самостојно освен ако не е партиски поддржан. За жал! Затоа што не можат да се финансираат оти пазар НЕМА! Кога имаш катарљон медиуми, имаш општо ниско ниво и тогаш, како што сме гадови и гнаси, публикумот го интересираат само најдолните, најзлобините, најпростите, највулгарните и секако во кооординација со некој функционер од партијата која ќе го нафатира со 50 банери секој по 100 евра месечно, цуцлаш, гуташ и пееш Риголето во исто време глумејќи Агнус Деи облечен како Фантом од операта во секси долен веш од Мачки и викаш јас сум Бетмен, јас сум Бетмен!

И тоа е ограничената полумаса која е во своја фаза на распаѓање, која не успева никого, ама никого, од неутралните да придобие на своја страна, затоа што аксиомот – има да гласам за мојот макар запалил пола држава, е апсолут. Сакаме да биде лош, како нас самите. А, што ако дојде некој за кој не можеме ни за влакно да му се фатиме? Па, затоа се тука аналните деген-овинари кои треба да лажат, плукаат, пцујат, р’чкаат по фамилија, рекетираат, како цел живот.

Атеисти купуваат икони и се молат и сФе обеќаваат само нивниот да добие и победи, додека контрашите-верници се полиберлани од холандски парламент… а, ни едните, ни другите у црква нема да ги видиш оти , свакако, поповите не им чинеле. Вера=XXX.

Вистински промени некогаш ќе дојдат ама не од вашиот избор, не од изборот на странците или сурушот со енџиоата, туку од новите генерации кои веќе органски не ви ги слушаат срањата,. Млада копиљаана која бега одовде, а онаа која останува не ве есапи 2%… е тоа е иднината, тие се тие кои некогаш ќе владеат затоа што нивниот светоглед е потполно ослободен од вашето накурчено поимање на работите . Ние изгубивме осет, зетгејстот ни отиде парампарче, не ни веруваат децата и не треба, затоа што станавме лакеи, поидлизурковци, митаџии, затоа што немаме храброст и не сакаме да направиме исчекор за промена, затоа што патиме по статус кво, колку и да е лошо.

МИТО

Верувам дека ако сега некој излезе и подели по 100 грама кафе, локум и пакло цигари, тефтерче, ваучер за попуст за кондури и „упаљач“ – ќе ги добие изборите. Затоа законот за „ЈОЈО“ за некого е сламка на спасот, за некого излез за бегство… сите со добри намери, но со гастритис затоа што знаат со кој народ треба да си имаат работа, до толку сме расипани, ние, народот, гласачите, да сам Господ да ни стане лидер на државата, ќе го исплукаме и ќе го распнеме .. еј чекај, па зарем веќе не го направивме тоа?

Автор: Јанко Илковски за НетПрес