До 10 часот излезноста е малку над 6 отсто

До 10 часот, три часа по почетокот на гласањето во вториот круг од претседаелските избори, по обработените 88,10 отсто од избирачките места, гласале 99.192 граѓани, што претставува излезност од 6,31 отсто, информираше Државната изборна комисија (ДИК) на својата прва прес-кофнеренција во неделата.

Највисока излезност е забележана во општините Крива Паланка, Демир Капија, Кратово, Берово. Најмала излезност има во Врапчиште, Дебар, Боговиње.

На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски избори можат да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список.