До 1000 гледачи на фудбалски натпревари во Србија

42

Српскиот кризен штаб, со кој претседава премиерката Ана Брнабиќ, одлучил да дозволи собир до 1000 луѓе на отворено.  Исто така, од 1 јуни ќе започнело тестирањето за откривање на антитела по барање на граѓаните.

Навивачите и гледачите на спортските натпревари ќе мора да се придржуваат на одредени мерки со цел заштита од коронавирусот како што е држењето на препорачаното растојание.

Епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавшевиќ изјавила дека на седницата на Кризниот штаб со кој претседава премиерката Брнабиќ, едногласно било решено да се релаксираат мерките во согласност со сегашната епидемиолошка состојба.

Од 1 јуни, сите граѓани кои немаат симптоми, а сакаат да направат брз серолошки тест за антитела, ќе можат да го сторат тоа по цена од 1.200 динари. Според одлуката, важно е да се нагласи дека овие тестови не се задолжителни и се прават исклучиво на лично барање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.