До 15 часот гласале 34,22 отсто од гласачите

Државната изборна комисија информира дека на локалните ибори  до 15 часот гласале  34,22 отсто од гласачите во земјава.

Најголема излезност, според ДИК има во Вевчани каде гласале 66,54 отсто од гласачите.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски изјави дека изборниот процес во целата држава се одвива мирно и без поголеми проблеми, додека сите проблеми со афингерпринт апаратите се решени.

– Во цела држава сегласа мирно и со користење на уредите за отпечаток на прст,без никакви проблеми, вели Даштевски.

Тој информирадека досега имало 311 приговори за повреда на избирачкото право. Прифатени се 268, одбиени се 25, додека 18 од лицата ги има во избирачкиот список.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.