До 500 евра казна за употреба на петарди

200 до 500 евра ќе ги чини граѓаните употребата на петарди и други пиротехнички средства, потсетуваат од МВР.

Поради одржувањето на јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата, а доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства да ги пријават на полициските службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192.

Од МВР нагласуваат особено малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје.