Дојава за бомба и во основно училиште во Кавадарци

Дојава за поставена експлозивна направа била испратена утрово во основно училиште во Кавадарци, информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

– Околу 08.20 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето, појасни Самарџиев.

Тој додаде дека во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Минатата седмица, вакви закани беа испратени во шест основни и средни училишта во Кавадарци и се покажа дека дојавите биле лажни