Дојава за бомба во руски авион, мобилизација на аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк

Патниците на летот „Аерофлот“ од Њујорк до Москва полетале по приближно седум часа чекање на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“, откако бил извршен темелен преглед на авионот, изјави портпаролката на авиокомпанијата, Јулија Спивакова. Летот бил одложен поради најавата за „минирање“ на авионот што долетал од главниот град на Русија.

Агенцијата за аеродроми во Њујорк потврди дека не биле пронајдени опасни предмети при прегледот на авионот на руската авиокомпанија на аеродромот во Њујорк.

Како што изјавиле очевидци, качувањето на летот било откажувано неколку пати, што било планирано за 17,40 часот по локално време (23,40 часот по средноевропско време), а последниот пат за 22,40 часот по локално време.

Во извештајот се наведува дека авионот кој долетал од Москва бил под истрага, па сите патници и нивниот багаж биле детално проверени.

Управата на аеродромот на Твитер напиша дека поради инцидентот патниците ќе мора да бидат дополнително проверени и полицијата ќе испрати уште припадници за да го обезбеди аеродромот.