Дојава за бомба во средно електротехничко училиште во Белград

На адресата на средното електротехничко училиште во Белград претпладнево е добиена дојава за поставена бомба, јавија белградските медиуми.

Училиштето е евакуирано, а тимови на Министерството за внатрешни работи на Србија се на терен.

Дел од белградски медиуми јавија дека има дојава за бомба и во средното математичко училиште во Белград.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.