Дојава за бомба во Железничката станица во Скопје

„Ало, добар ден, поставена е бомба на Железничка станица во Скопје“. Ваква анонимна порака од скриен телефонски број денеска добиле вработените во железничката станица во главниот град, кои веднаш го пријавиле случајот во полиција, објави Плусинфо од извори во раководството на ЈП „Железници-Транспорт“.

– Врие од полиција. Евакуирани се сите вработени во железничката станица, во автобуската станица, како и вработените во казината и дуќаните. Никој не смее да влезе во објектот. Присутна е специјалната полиција за спречување тероризам, велат за Плусинфо.

Се очекуваат повеќе информации од Министерството за внатрешни работи.