Дојави за бомби во пет училишта во Кавадарци

Закани за бомби се добиени утрово во пет училишта во Кавадарци.

Информацијата за МИА ја потврди Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

– Денеска околу седум часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта, две средни и три основни во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Самарџиев.