Дојче банка за 13 милијарди долари очекува понуди од технолошки компании

Дојче банка повикала неколку големи американски технолошки компании да достават понуди за унапредување на нејзината технолошка мрежа, објавија западните медиуми.

Меѓу компаниите кои се во трка да ја модернизираат “застарената и фрагментираната” мрежа на Банката, се споменуваат Amazon, Microsoft и Google, објави Reuters повикувајќи се на извори запознаени со оваа тема.

Извор на агенцијата додаде дека се очекува договорот за унапредување на мрежата да биде „тежок“ околу 13 милијарди долари.