Фејсбук објава на Иницијатива „И здравје и работа“, локална иницијатива на населението во струмичката котлина за здрава животна средина и долгорочен економски регионален развој:
ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА ВИСТИНАТА!
„И ЗДРАВЈЕ И РАБОТА“ е локална иницијатива на досега тивкото население во Струмичката котлина кое вложува напор и сака низ дебата да ги слушне сите аргументи за рудникот Иловица-Штука. Претставуваме поинаков ГЛАС, не сме малку и не сме заговорници на изградба на рудник по секоја цена. Но, не сакаме да дозволиме манипулација. Се нарекуваме и „ТРАГАЧИ ПО ВИСТИНАТА“ и во наредниот период јавноста ќе има повеќе шанси и прилики да не запознае поблиску.
Не се криеме зад ниту една партија, немаме политички амбиции и не се бориме за локална власт. Ние сме приврзаници на долгорочниот економски развој на регионот преку кој сме убедени дека ќе се отворат нови работни места кои ќе бидат магнет за враќање на младите од туѓина.
За жал, сметаме дека заради агресивноста на неколкумина добро мотивирани гласни противници на изградбата на рудникот, локалното население и генералната македонска јавност нема еднаков пристап до сите релевантни информации. Затоа од денес ние стануваме гласни. Имаме одговорност кон оние „свиркачи“ кои подолг перид не хранат со податоци од кои застанува здивот. Не случајно некои повозрасни мудреци велат „ништо не е случајно, бидејќи случајности не постојат“. Едноставно, дојде време за вистината!
За почеток ќе поставиме прашања без посочени адреси. Очекуваме да се препознаат токму оние кои се меѓу групата најгласни против изградбата на рудникот и кои со својата агресивност ги држат во заложништво клучните партии во позицијата и опозицијата.
Кој има фирма која работи за потребите на еден рудник за експлоатација на бакар оддалечен на помалку од 50 км од општините Босилово, Ново Село и Струмица?
Дали е точно дека ако се отвори Иловица-Штука претходно опишаниот рудник за експлоатација на бакар ќе претрпи сериозни финансиски штети?
Кој, колку и од кого има добиено пари на рака преземајќи обврска за регрутирање критична маса за ширење паника меѓу населението?
Дали е точно дека некому е ветено нови финансиски приливи ако успеат да ја притиснат Владата да ги одземе двете или барем едната концесија за рудникот Иловица – Штука, најдоцна до 31 август 2023 година?
Кому и од кого му е објаснето дека ако се изгради рудникот Иловица – Штука, југоисточниот регион на Македонија ќе биде под целосно економско, безбедносно и стратешко влијание на западот, посочувајќи дека на 75 км од Струмичката котлина се наоѓа воениот НАТО полигон Криволак?
За почеток е доволно. Продолжуваме…..