До ДИК доставени 14 барања за упис во Регистарот на радиодифузери, едно е со некомплетна документација

До Државната изборна комисија (ДИК) се доставени 14 барања за упис во Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали. Од нив, како што беше соопштено на денешната седница, само едно, од интернет портал, не ги исполнува условите, односно нема комплетна документација.

Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху рече дека интернет порталот ќе биде информиран, во рок од 72 часа да ја комплетира документацијата.

Според Шеху, шест медиуми доставиле и ценовници.