До ДИК се пријавиле 1.560 граѓани со спорни записи

172

Заклучно со денеска, до 12:00 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 1.560 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, 522 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 1.038 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.