Доњецк и Луганск, самопрогласените републики во Украина, номинираа амбасадори во  Москва

Околу два и пол месеца по нивното признавање, самопрогласените источноукраински народни републики Доњецк и Луганск номинираа амбасадори во Москва, пренесе ДПА.

Проруските сепаратисти од Доњецк најавија дека нивните интереси во Москва во иднина ќе ги застапува политичарката Олга Макеева, а Луганск во Москва ќе го испрати поранешниот новинар Родион Мирошник. Тој пред години работеше за тогашниот украински претседател Виктор Јанукович, кој тесно беше поврзан со Русија. Војната започна на 24 февруари и уште трае. Овие републики се со доминантно руско население, а голем дел од нив поседуваат и руски државјанства.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.