Доњецк не им простува на британските платеници, нова британска жртва во Северодоњецк

Поранешниот британски војни Џордан Гетли загинал во борбите во Украина, објави неговото семејство во неделата нарекувајќи го „херој“, истовремено кога лидерот на прорускиот одметнат регион Доњецк порача дека нема да има прошка за двајцата британски војници осудени на смрт, бидејќи се бореле на страната на војските лојални на Киев.

Дин Гетли изјавил за медиумите дека неговиот син ги напуштил редовите на британската војска во март годинава „за на друго место да ја продолжи воената кариера“.

„Откако зрело размисли, отпатува во Украина“, тврди Дин Гетли објавувајќи ја веста за смртта на синот која семејството ја промило во петокот.

Рекол дека неговиот син загинал од огнено оружје во Северодонецк, последниот голем град во Доњецкиот регион во кој украинските сили заедно со припадниците на Легијата на странците им даваат отпор на проруските и руските сили и каде се водат улични борби.

„Добивме повеќе пораки од неговите колеги коишто ни рекоа дека бил увежбан многу вешт војник. Неговата екипа вели дека сите го сакале, исто како и ние, и дека внесол голема промена во животот на многу луѓе, не само како војник, туку и како и лице кои ги обучувало украинските воени сили“, напишал Гетли на Facebook пренесува AFP.

„Ја сакаше својата работа и многу сме горди на него. Беше вистински херој и засекогаш ќе го носиме во срцата“, напишал таткото на уште еден загинат британски војник на украинското боиште.

Според оцената на AFP, се чини дека откако британската министерка за надворешни работи Лиз Трас на почетокот ги поттикнуваше Британците да заминат на украинскиот фронт, по повеќето смртни случаи и нивни заробувања, набрзо сугестијата ја изменија британското министерство за одбрана и воениот врв, па сега на Британците им се сугерира да не патуваат во Украина.

 

Нема прошка

Во неделата се огласи и челникот на проруската сепаратистичка област Доњецк, со порака дека нема никаква олеснителна околност за простување на двајцата британски државјани осудени на смрт откако руските сили ги заробиле додека се бореле во паравоените формации на украинската војска.

Судот во самопрогласената по од западот поддржаниот преврат во Киев во 2014-та, Доњецка Народна Република каде досега се убиени десетици илјади луѓе меѓу кои и најмалку 500 деца,, во четвртокот на смрт ги осуди Британците Ејден Еслин и Шон Пинер, како и Мароканецот Садун Брахим,

Судот ги прогласи за виновни за „платенички активности и здружувања со цел насилно да се преземе власта и собори уставниот поредок на ДНР“, додека Доњецк и другите градови секојдневно се под ракетни и артилериски напади од украинската сила.

Британија тврди дека Еслин и Пинер биле обични војници, кои веќе неколку години се бореле на страната на Украина каде „имале намера да основаат семејства“, и дека на нив треба да се примени Женевската конвенција за заштита од прогон поради учество во војна. Но Лондон не се огласи на ист начин кога во Киев на доживотен затвор беа осудени двајца заробени руски војници.

Истовремено проруските сепаратисти посочуваат дека практиката на Западот од 2014 година, а особени од минатата година, е своите професионални војници и команден кадар да го испраќаат во редовите на украинските сили, како наводни регуларни војници. Двајцата Британци и Мароканецот, според судот во Доњецк, како и другите странски борци учествувале во најтешките злосторства, а осудените имаат еден месец да го искористат правото на жалба за пресудата.

„Не гледам никакви основи за проштевање“, изјавил Денис Пушилин, челникот на проруските сепаратисти во Доњецк.

Во саботата семејството на Еслин за британските медиуми изјавија дека ниту тој ниту Пинер „никогаш не биле платеници“. Наводно живееле во Украина кога избувнала војната и дека наводно се „припадници на украинските вооружени сили, па кон нив треба да се постапува со почитување, како и кон кој и да е воен заробеник“, според изјавата на семејството.