До еден час се чека на граничниот премин „Табановце“

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет. На Граничниот премин Табановце има задржување од 30 до60 минути за влез и за излез од државата, додека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.