До февруари законите за стечајците и професионалните војници ќе бидат усвоени во Собрание

Законските решенија со кои ќе се решава статусот на стечајците и професионалните војници кои вчера беа најавени би требало да бидат усвоени од Собранието до крајот на февруари, вели премиерот Никола Груевски.

Премиерот вели дека Владата ќе се обиде веќе на следната седница да бидат изготвени предлог-законите и веќе следниот месец да се најдат пред пратениците во Парламентот.

Овие законски решенија, како што вели Груевски, ќе донесат бенефит за околу 7.000 луѓе.

„Долг период работевме на тоа како да изнајдеме начин како да го решиме проблемо, да изнајдеме начин како да им помогнеме на луѓето и изнајдовме таков начин. И иако го немавме ветено во нашата програма сепак успеавме да најдеме начин и да помогнеме на оваа категорија на луѓе. Вие знаете дека ние сме Влада која многу внимава што ветува и многу често за да не направиме грешка, да не ветиме а да не можеме да исполниме не им даваме ветувања на граѓаните, ниту во нашата програма ниту во нашите изјави, меѓутоа подоцна наоѓаме начин“, рече премиерот Груевски.

Владата вчера соопшти дека професионалните војници над 45 години, по завршувањето на службата во АРМ ќе се вработуваат во државните институции се’ до нивно пензионирање, а со посебно законско решение ќе се реши проблемот со стечајците кои што останале без работа од државна или фирма чиј мнозински сопственик е државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.