До крајот на денот Русија може да испрати помош во САД за борба против коронавирусот

Руски авион со медицинска опрема и заштитна опрема и средства  може да полета кон САД до крајот на денот, изјави во вторникот вечерта, Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател,

„Денеска во текот на денот беше спроведена техничка координација и подготовка на лет од Русија којшто, како што се очекува, ќе биде изведен до крајот на денешниот ден“, изјави Песков.

Според портпаролот на Кремљ, пренесува агенцијата ТАСС, за оваа помош во справувањето со пандемијата на коронавирусот станало збор во телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега по должност Доналд Трамп. Песков истакнал дека руската страна самата му понудила помош на Вашингтон во услови на тешката епидемиолошка ситуација во Соединетите држави, а оти понудената помош се состои во медицинска и заштитна опрема.

„Трамп со благодарност ја прифати оваа хуманитарна помош“, истакнал Песков.

Додал дека во процесот на договарање на деталите за реализација на овој договор меѓу двајцата челници, се добил впечатокот дека „некои од американската страна ни најмалку не придонесоа за навремено решавање на техничките прашања за исполнување на договорот меѓу двата претседатела“.

Понудувајќи ја помошта на американските партнери, Путин поаѓа од претпоставката дека кога производителите на медицинска опрема и санитетски материјали во САД ќе добие на интензитет, тие ќе можат да ѝ возвратат на Русија доколку е потребно, истакнал Песков.

Додал дека подеднаква соработка се развива и меѓу Москва и Пекинг.

„Во моментов, кога актуелната ситуација влијае врз сите без исклучот и ома глобален карактер, не постои алтернатива на тоа да дејствуваме заедно во духот на партнерството и заемната помош“, заклучил Песков.