До крајот на месецот ќе залади, во декември пониски тепмератури, а снег

Невообичаено високите температури за овој дел од годината се дел од секојдневните муабети, од типот што се случува со климата, какво ќе биде времето до крајот на годината, ќе заврнели снег итн.

Деновиве поради нееднаквоста на воздушниот притисок, во Македонија ќе биде многу ветровито, односно ќе дува умерен до засилен на некои места повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец, кој ќе достигнува брзина од над 60 километри на час.

Температурите поради силното воздушно струење ќе бидат многу високи, невообичени за овој период од годината и ќе се движат во интервал од 15 до 23 Целзиусови степени.

Заладување на времето ќе има од среда во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток.

Попоски прогнозира стабилизација на времето со повисоки температури од следниот викенд, но секако, можни се и промени.

Во декември дневните теперартурите ќе бидат пониски и ќе се движат во интервал од 1 до 9 степени, а ноќните до -5 степени.

Кон средината на месецот ќе има врнежи од дожд, додека снег е може да се очекува кон крајот на месецот, но со многу слаб интензитет и краткотрајно.