Извршниот директор на фармацевтската компанија „Pfizer“, Алберт Бoрла изјави за американската телевизиска мрежа CBS News дека веројатно до крајот на октомври ќе биде познато дали дејствува експерименталната вакцина за коронавирусот, која е во фаза на клинички испитувања.
„Во најдобар случај веруваме дека се многу добри изгледите, а тие изнесуваат над 60 отсто, дека до крајот на следниот месец ќе дознаеме дали вакцината е ефикасна“, изјави Борла во емисијата „Face the Nation“.
Додаде дека не знае колку време потоа ќе биде потребно за вакцината да ја добие лиценцата од регулаторните тела.
Вакцината против вирусот SARS-CoV-2, која американски „Pfizer“ ја развива во соработка со германската биотехнолошка компанија „BioNtech“ веќе е во производство, како и руската „Спутник V“ за која се крена голема прашина поради регистрирањето пред финализирањето на третата фаза. Борла истакна дека досега се прозвиедени стотици илјади дози.
Првиот човек на „Pfizer“ откри дека бројот лица кои ќе бидат вакцинирани во рамките на третата фаза од клиничките ипитувања ќе биде зголемен од првично планираните 30.000 на 44.000, како и дека старосната и расната структура на приматлите на вакцината ќе биде проширена поради поголемиот обем и веродостојност на добиените податоци за нејзините ефекти.
Борла посочи и дека проблем ќе претставува дистрибуцијата на вакцината. Доставвуањето на лековите и медицинските препарати е сложен процес, особено кога за нивно склдирање се неопходни посебни услови. Но додаде дека во компанаијата од претходно знаат на кој начин тоа да биде реализирано.
Кога станува збор за популацијата којашто прва ќе биде вакцинирана, Борла вели дека смета оти за тоа одлуката би требало да ја донесат властите, на пример американскиот Центар за контрола и превенција на болестите.