До крајот на денот Русија ќе донесе одлука за финансиската помош за Крим

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов изјави дека до крајот на денот Москва ќе донесе одлука за обезбедување на финансиска помош на украинскиот регион Крим, пренесе „Ројтерс“.

„Работиме на прашањето за обезбедување на финансиска поддршка“, рекол Силуанов на средба меѓу премиерот Дмитриј Медведев и неговите заменици.

„Спроведуваме консултации, ќе претставиме нашиот конкретен предлог до крајот на денот“, посочи министерот, без да именува одредена сума што ќе и биде доделена на земјата како финансиска помош.