До крајот на летото асфалт за уште девет улици во Штип

До крајот на летото асфалт за уште девет улици во Штип

Општина Штип продолжува со несмален интензитет во инфраструктурно-патно обновување на градот.

Во општината во тек се тендерски постапки за обнова, реконструкција и асфалтирање на уште девет сообраќајници. Според програмата, до крајот на летото асфалт ќе добијат улиците: „Каваклија“, крак од „Радански пат“ кој води од „Черења“ до училиштето „Гоце Делчев“, потоа „Тодор Коларов“, „Широк Дол“, завршува тендерот и за асфалтирање на улица „Лески“ во населбата Баби, асфалтирање на улиците во „Чардаклија“ и во „Долна Железничка“, улица „Пиринска“ до месноста Дујле, пренесува Старпус на ТВ Стар:

– Иако е сезона на годишни одмори, локалната самоуправа и градоначалникот работат брзо и ефикасно без намалување на работниот интензитет. Планирано е асфалтирање и на пристапот до Штип од регионалниот пат од Радовиш до бањата Кежовица. Со асфалтирањето, овој влез во Штип ќе се поврзи со ново-асфалтираната обиколница околу Ново Село која беше направена во 2013 година. Исто така планирано е да се уреди и пристапот во Штип од влезот од Скопје односно Велес, до кружниот тек во Железничка, вклучително и конструкција на тротоари со што ќе биде побезбедно за студентите кои се движат до кампусот на УГД – изјави Драган Ристов, советник за односи со јавност.

Инаку до сега се асфалтирани 11 улици и тоа: „Маршал Тито“, крак од „Христијан Карпош“, „Славчо Стојменски“, крак од Вита Поп-Јорданова“ со дел од „Мирче Ацев“, „карл Маркс“, „Сремски фронт“, „Џемал Бједиќ“, крак од „Радански пат“ зад Черења, „Слободан Јовановски“, крак од „Сутјеска“ и „Булевар ЈНА“. За асфалтирање на овие 11 улици до сега се инвестирани над 20 милиона денари.