Дојранчанката Добрила Чабриќ го прослави својот 94 роденден!

Добрила Чабриќ го прослави својот 94 роденден! Сакам да го живеам и понатаму животот со полни гради, изјави супер расположената славеничка, популарната Дојранчанка

Највозрасната пејачка на Балканот, Добрила Чабриќ-Ивановска, го прослави 94 роденден и од завчера зачекори во 95 година од својот живот. Роденденот го славеше во еден скопски ресторан, но не во Дојран и ако таму живее. Имено, еден од нејзините фанови Тони Димевски, кој е роден на истиот ден како Добрила, и приредил пријатно изненадување на пејачката која и во овие години шири околу себе позитивна енергија кон луѓето и животот.
Добрила ја прашавме што си посака кога ги дувнала свеќичките на тортата, а Доби како што нагалено ја ословуваат, кусо ни рече

„Да имам здравје, среќа, да ме држи гласот и да им покажам на помладите и на повозрасните дека имам сила да продолжам да го живеам животот, како и до сега со полни гради“
Се чини Добрила како да нема време да остари. Постојано е во друштво со млади луѓе, секогаш ширејќи ја несебично околу себе својата позитивна енергија кон луѓето и животот. Се подготвува, кон крајот на месецов да го придружува во Белград синот на нејзиниот фан Тони Димевски, момчето Дамјан Димевски, кој минатата сабота влезе во третиот круг на „Звезде Гранда“.
Да потсетиме дека Добрила Чабриќ во 2018 година беше победник во тв-шоуто „Никогаш не е доцна“.