До стариот дел на Охрид и на пристаништето само со електронска картичка

Од денеска во Охрид ое активен електронскиот систем за евидентирање и регулација на движењето на возилата во стариот дел на градот и на Градското пристаниште.

Станува збор за обид за уредување на движењето на моторните возила во тој дел на Охрид, во текот на шпицот на сезоната, кога во градот значително се зголемува бројот моторни возила.

На приодите кон стариот дел на градот поставени се рампи, а помош при влез и излез на граѓаните ќе им дава вработен од ЈП „Билјанини извори“.

Со новиот систем пристап до Стариот дел на градот ќе имаат само граѓаните што имаат обезбедено електронски картички

Како што пренесува порталот „Охридњуз“, регулирањето на движењето на моторни возила во стариот дел на градот е една од препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.