До УЈП за два дена поднесени 27.100 барања за финансиска поддршка за мај

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска на својот Фејсбук профил посочи дека заклучно со вториот ден од јуни, од страна на работодавачите и самовработените лица поднесени се вкупно 27.100 барања за користење на мерките за месец мај.

Финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, образец БФС-СВД поднеле 4.733 самовработени лица од кои 4.064 барања се прифатени.

Субвенционирање на исплатата на придонеси од задолжително осигурување образец БС-ПЗСО поднеле 2.240 компании од кои 1.909 барања се прифатени.