Доаѓа студен бран

Почнувајќи од утре попладне и во вечерните часови првин долж Повардарието, а во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник на повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец што ќе биде најава за спуштање на постуден воздух од север. Локално ветерот ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Утре и во понеделник времето ќе биде претежно облачно со услови за слаб локален дожд а на планините ќе провејува слаб снег. Максималните температури на воздухот утре ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека во понеделник истите ќе бидат за 3 до 4 степени пониски од сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Наутро пак температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени. Во вторник ќе имаме намалување на облачноста и времето ќе биде претежно сончево, додека од среда ќе има повремено умерена локална облачност, ветерот ќе ја намали својата брзина и ќе биде претежно тивко со што по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.