Доаѓаат подобри времиња за Македонија преку рушење на оваа власт

Добивам многу повици и вчера вечер и ова утро од луѓе кои што ја имаат напуштено Македонија кои што ми велат ова е основната причина зошто ја напуштивме Македонија, а тоа е дека нема владеење на правото и има криминална банда и криминална коалиција на власт, а за жал добивам и бројни повици и вчера вечер и утрово од луѓе кои што сакаат да ја напуштат Македонија од истата причина, тоа е од причина што велат дека имаме криминална банда и криминална коалиција на власт, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Би сакал да ги охрабрам и да ги повикам заедно да се избориме во оваа битка затоа што оваа генерација на ВМРО-ДПМНЕ е една чиста генерација, една генерација која што е надвор од овие криминално-политички договори, која што не е извалкана и која што има јасна, детерминирана волја да расчисти со криминалот и корупција на највисоко ниво и оваа криминална коалиција која што во моментот функционира во Македонија да оди онаму каде што и е местото, а тоа е во затвор, рече Николоски и истакна:

„Доаѓаат подобри времиња за Македонија преку рушење на оваа власт многу брзо и предвремени парламентарни избори. Затоа ги повикувам сите граѓани на Македонија да не поддржат во оваа битка, да останат во Македонија и заеднички да ја направиме Македонија поубаво место за живеење и да ја направиме место во која што ќе функционира правната држава“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.