Доаѓаат пролетните температури, следи целосен пресврт на времето

387

Времето во сабота наутро ќе биде умерено до значително облачно, во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Во недела времето ќе биде променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, позастапени во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.