Доаѓаат празници, ако не сакате бебе подгответе кондоми

Како што покажуваат истражувањата, ризикот од непланирана бременост се зголемува за 50 отсто за време на Нова Година и Божиќ. Тоа е време од годината кога сите уживаме во прославата и конечно имаме време и право малку да се опуштиме. Но, релакисраноста со себе носи рзиик, посебно кога сексот е во прашање. Најновото истражување покажало дека за време на новогодишните и божиќните празници, ризикот од непланирана бременост е поголем дури за 51 отсто.

За време на празнувањето, понесени од атмосферата, жените често забораваат да се напијат пилула за контрацепција или пак забораваат колку е важно да се користи кондом за време на сексуалниот однос. Причини за тоа се поголемо количество алкохол, брзање поради подготовка за прослава и патување, надвор од местото на живеење.

Фармацевтската куќа Лојд, интервјуираше околу две илјади жени и откри дека секоја шеста испитаничка, заборавила на време да ја испие пилулата поради пијанство, додека на секоја седма тоа и се случува поради брзање и зафатеност се да биде готово на време. И кога целата бука околу Нова година и Божиќ ќе се смират, околу 28 отсто од дамите забораваат да се напијат пилула, бидејќи заборавиле да ја понесат со себе, посебно ако за празниците некаде одат.

Резултатот од сето ова е дека 13 отсто од жените пијат таблета за утро потоа, за да ја спречат несаканата бременоста.Многу жени и девојки не го преземаат ниту овој вид на итна заштита, па така секој септември се раѓаат најголем број на непланирани или непосакувани деца. Според статистиката, во тој период од три месеци по празниците, се извршуваат и најголем број на абортуси.