Добиле на лотарија три пати во период од две недели

Американскиот брачен пар предупреди дека претставуваат опасност за игрите на среќа и по подигнувањето на третата парична добивка порачаа дека тука не е крајот.

Калвин и Затера Спенсер од Портсмут, Њу Хемпшир, САД, веројатно се најсреќниот брачен пар, бидејќи за само две недели во игрите на среќа освоиле три добитни награди, чиј вкупен износ изнесува околу еден и пол милион евра.

Првата добивка изнесува околу 750.000 евра, а втората добивка им изнесува 36.000 евра и ја освоиле на 26 март.

Веќе наредниот ден следела уште една награда, овој пат грепка, која на која господин Спенсер изгребал 750.000 евра.

За подигнување на оваа добивка постојат две опции, па така Спенсер решиле ведаш да подигнат 500.000 евра, а со вкупната наредна сума да располагаат во нардните 30 години.

„Ние се уште не завршивме“, им порача овој пар на сите лотарии при подигнувањето на последната награда.