Добитникот на наградата за медицина од синот дознал дека е нобеловец

Добитникот на Нобеловата награда за медицина Џејмс Елисон веста дека станал нобеловец му ја соопштил неговиот син, утринава телефонски, пренесува АП.

Оваа година наградата за Нобелова награда за медицина ја добиле Џејмс Елисон од Центарот за проучување на ракот на Универзитетот во Тексас и Тасуку Хонџ од јапонскиот Кјото универзитет.

Елисон, кој бил во хотел во Њујорк на еден научен собир, на прес-конференција за новинари изјавил дека Нобеловиот комитет имал проблеми да го пронајде и да му ја соопшти веста. Во тоа ги надмудрил неговиот син кој му се јавил откако биле објавени имињата на добитниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.