Добитникот на Нобеловата награда за економија ќе биде објавен во Стокхолм

(AP Photo/Fernando Vergara, FILE)

Нобеловиот комитет за економија при шведската Кралска академија на науките во понеделник ќе го соопшто добитникот на наградата за 2020 година којашто ја спонзорира Централната банка на Шведска во спомен на основачот на наградит Алфред Нобел.

Наградата за економија е воспоставена во 1968 година по повод 30-годишнината од постоењето на финансиската институција, кога годишно придонесува за Нобеловата фондација, награда којашто формално може да се смета за Нобелова награда, имајќи предвид дека самиот шведски претприемач Нобел не ги споменува економстите во својот тестамент од 1895 година со која ги воспоставува другите признанија.

Потомците на Алфред Нобел (1833-1896) не ја поддржуваат номинацијата во областа на економијата. Според докоторот по правосудни науки, Петер Нобел, таа не соодветсвува на духот и тексот во тестаментот на неговиот предок кој бил хемичар и пронаоѓач, чиишто писма укажуваат дека тој не ги сакал економистите. Челникот на „Здружението на семејството Нобел“, Тоамс Тјуден смета дека лауреатот на оваа награда треба да биде објавен и да се претстави одделно од добитниците во областите кои се наведени во тестаментот.

 

Веројатни претенденти

Како и за Нобеловите награди во другите номинации, така во тајност се држат и имињата на номинираните и на оние кои ги номинираат потенцијалните добитници и во сферата на економијата. Критериумите според кои Нобеловиот комитет го избира лауреатот, исто така, се чуваат во тајност.

Според процените на американската компанија „ Clarivate Analytics“, која од 2002 година прави прогнози за множните добитници врз основа на рејтингот и бројноста на цитирањата во научната заедница, еден од главните претенденти годинава е американската економистка Клаудија Голдман од Универзитетот Харвард, Таа е истражувач во областа на родовата економска нееднаквост.

Други тројца често цитирани научници минатата година се Дејвид Дики од Универзитетот Северна Каролина, Вејн Фулер од Универзитетот Ајова и Пјер Перон Бостонскиот универзитет, кои развиваа иноватовни аналитички методи во економијата. Првите двајца создадоа тест кој ги носи нивните имиња, кој се користи, на пример, во прменетата статистика за анализа на временските низи, а Перон создаде сопствен метод заснован на тестот Дики-Фулер.

Уште една група научници: Стивен Бери и Џејмс Ливинсон од Универзитетот Јејл, како и Ариел Пајкс од Универзитетот Харвард се споменуваат како претенденти на Нобеловата награда за економија. Тие се споменува по тоа што за процена на побаривачката развиле ткн BLP модел, именуван според иницијалите од нивните имиња.

Од друга страна, шведските стручњаци истакнуваат дека е особено тешко да се предвиди победникот во оваа област, бидејќи според нив има најмалку 250 апликанти кои се достојни да го понесат признанието во економијата.

Во своите прогнози шведските експерти ги истакнуваат американскиот економист, професорот на Технолошкиот инситут Масачусетс (MIT) Џошуа Ангрист, кој е познат по своите истражувања во регулацијата на пазарот на трудот и во сферата на образованието, неговиот колега од МIT експерт за политичка економија Дарон Аџемоглу. Швеѓаните се наклонети и кон Американецот Роберт Баро специјализиран за макроекономија, како и на Французинот Филип Агион. Го споменуваат и Канаѓанецот Питер Ховит, кој ја развил теоријата за економскиот раст на Јозеф Шумпетер (1883-1950). Наградата, според нив, може да ѝ биде доделена и на Американката Сјузан Ејти, која ги истражувала процесите на носење економски одлуки во турбулентните времиња.

Минатата 2019 година наградата им беше доделена на индиско-американскиот истражувач Абхиџит Банерџи, на неговата сопруга Французинката Естер Дуфло и на Американецот Мајл Крамер. Како што објави тогаш Нобеловиот комитет тие станаа лауреати „за експерименталниот пристап кон намалувањетпо на глобалната сиромаштија“, како и дека нивното истражување „значително ги подобрило можностите во борбата против сиромаштијата во светот“. „За само две децении, нивниот нов експериментален пристап ги трнсформираше економиите на земјите во развој кои сега се просперитетни области на истражувањаБ“, стоеше во образложението на одлуката.

Најчесто во изминатите години оваа награда им била доделувана на Американци. Најмладиот лауреат е Естер Дуфло која ја прими наградата имаше 46 години, додека највозрасен е Американецот Леонид Гурвич кој кога во 2007 година го доби признанието имаше 90 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.